Јавански јазик
австронезиски јазик во Индонезија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Јавански јазик (јавански: , basa Jawa; индонезиски: bahasa Jawa) — јазик на Јаванците од централниот и источниот дел на островот Јава во Индонезија. Има вкупно 82,4 минут говорници (преку една третина од населението на Индонезија).
Кратки факти Јавански, Застапен во ...
Јавански | |
---|---|
ꦧꦱꦗꦮ (basa Jawa) | |
Поимот „јавански јазик“ напишан со јаванско писмо | |
Застапен во | Јава (Индонезија) Малезија Суринам Нова Каледонија |
Говорници | 82,4 милиони (2007) |
Јазично семејство | австронезиско
|
Писмо | јаванско писмо (по избор) пегон (богослужбен) латиница (вообичаена) |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | jv |
ISO 639-2 | jav |
ISO 639-3 | Разни: jav — јавански jvn — карипски јавански jas — новокаледонски јавански osi — осиншки tes — тенгерски kaw — старојавански |
Темнозелено: подрачја кајшто јаванскиот е мнозински јазик. Светлозелено: подрачја кајшто е малцински. |
Затвори
Кратки факти
Оваа статија содржи јаванско писмо. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо јавански знаци. |
Затвори
Јазикот припаѓа на австронезиското јазично семејство и како таков е во сродство со индонезискиот и другите малајски варијанти. Највеќето говорници на јаванскиот знаат и индонезиски, кој се користи како службен јазик и во стопанисувањето, но и за општење со Индонезијците од нејаванско потекло.
Јаванскиот е присутен и во Малезија (во сојузните држави Селангор и Џохор) и Сингапур, и како јазик на лицата со јаванско потекло во Суринам, но во облик на креолски јазик.