Меркур (планета)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Меркур — најмалата и најблиската планета до Сонцето од осумте планети во Сончевиот Систем,[7][б 1] со орбитален период од околу 88 Земјени денови. Гледана од Земјата, наликува како да се движи во својата орбита за околу 116 денови, што е многу побрзо од другите планети во Сончевиот Систем. Нема познати природни сателити.[б 2] Планетата е именувана според римското божество Меркур, гласникот на боговите.
Меркур | |||||||||||||
Ознаки | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Орбитални особености[1] | |||||||||||||
Епоха J2000 | |||||||||||||
Афел | 69.816.900 км 0,466 697 ае | ||||||||||||
Перихел | 46.001.200 км 0,307 499 AE | ||||||||||||
57.909.100 км 0,387 098 AE | |||||||||||||
Занесеност | 0,205 630[2] | ||||||||||||
87,969 1 д (0,240 846 г) | |||||||||||||
115,88 d[2] | |||||||||||||
Просечна орбитална брзина | 47,87 км/с[2] | ||||||||||||
174,796° | |||||||||||||
Наклон | 7,005° во еклиптика 3,38° во Сончевиот екватор 6,34° во непроменливата рамнина[3] | ||||||||||||
48,331° | |||||||||||||
29,124° | |||||||||||||
Познати сателити | нема | ||||||||||||
Физички особености | |||||||||||||
Среден полупречник | 2.439,7 ± 1,0 км[4][5] 0,3829 Земји | ||||||||||||
Сплеснатост | < 0,0006[5] | ||||||||||||
7,48×107 км2 0,108 Земји[4] | |||||||||||||
Зафатнина | 6,083×1010 км2 0,054 Земји[4] | ||||||||||||
Маса | 3,3022×1023 кг 0,055 Земји[4] | ||||||||||||
Средна густина | 5,427 г/см3[4] | ||||||||||||
3,7 м/с² 0,38 g[4] | |||||||||||||
4,25 км/с[4] | |||||||||||||
Ѕвезден вртежен период | 58,646 ден 1407,5 ч[4] | ||||||||||||
Екваторска вртежна брзина | 10.892 км/ч[convert: unknown unit] | ||||||||||||
2,11′ ± 0,1′[6] | |||||||||||||
Северенополна ректасцензија | 18 ч 44 мин 2 с 281,01°[2] | ||||||||||||
Северенополна деклинација | 61,45°[2] | ||||||||||||
Албедо | 0,119 (Бондово) 0,106 (геометриско)[2] | ||||||||||||
| |||||||||||||
до −1,9[2] | |||||||||||||
4,5" – 13"[2] | |||||||||||||
Атмосфера | |||||||||||||
Површински притисок | траги | ||||||||||||
Состав по зафатнина | 42% молекуларен кислород 29.0% натриум 22.0% водород 6.0% хелиум 0.5% калиум траги од аргон, азот, јаглерод диоксид, водена пареа, ксенон, криптон и неон[2] | ||||||||||||
Бидејќи скоро и да нема присуство на атмосфера која би ја задржувала топлината, Меркуровата површина ги има наголемите температурни промени во Сончевиот Систем, промена кпја се движи од 100 K (−173 °C; −280 °F) во ноќта па сè до 700 K (427 °C; 800 °F) за време на денот во некои екваторски области. Половите се постојано на температура под 180 K (−93 °C; −136 °F). Меркуровата оска го има најмалиот наклон од сите планети во Сончевиот Систем (околу 1⁄30 од степенот), но пак затоа го има наголемиот орбитален екцентрицитет.[б 1] Во афел, Меркур е на растојание 1,5 пати поголемо од растојанието кога е во перихел. Меркуровата површина е ишарана со кратери и е слична со онаа на Месечината, што укажува дека истата не била геолошки активна со милијарди години.
Меркур е гравитациски сврзан и се врти на начин кој е единствен во Сончевиот Систем. Гледан релативно во однос на неподвижните ѕвезди, и се врти околу својата оска точно трипати за секој два орбитални периоди околу Сонцето.[б 3][8] Гледано од Сонцето, во појдовниот систем кој се врти со орбиталното движење, изгледа како да се врти еднаш на секои две Меркурови години. Па така набљудувач на Меркур тогаш би видел само еден ден на секои две години.
Бидејќи Меркур кружи околу Сонцето во внатрешноста на Земјината орбита (како и Венера), може да се појави на Земјиното небо во утрото и при зајдисонцето но не и во средината на ноќта. Исто така, како и за Венера и Месечината, можат да се забележат сите фази како што се движат по своите орбити во однос на Земјата. Иако Меркур може да се појави како светол објект кога е набљудуван од Земјата, неговата близина до Сонцето оневозможува да се набљудува со ист интензитет како и Венера. Две вселенски летала го посетиле Меркур: Маринер 10 прелетал во близина во 1970-ите и MESSENGER, лансиран во 2004 година, кој сè уште е во орбита.