Средна аномалија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Средна аномалија — агол кој се користи за пресметување на местоположбата на телото во елиптична орбита во класичниот проблем на две тела. Станува збор за аголното растојание од перицентарот кое замисленото тело би го имало доколку се помести во кружна орбита, со постојана брзина, во истиот орбитален период како што го има телото во елиптичната орбита.[1][2]