Втора Француска Република
From Wikipedia, the free encyclopedia
Втора Француска Република (француски: Deuxième République Française или La IIe République), официјално Француска Република (француски: République Française) — втората републиканска влада на Франција. Постоела од 1848 година до нејзиното распуштање во 1852 година.
Француска Република | ||||||
République Française | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Француската Република во 1848 година | ||||||
Главен град | Париз | |||||
Јазици | Француски | |||||
Вероисповед | Католицизам (Државна религија) Калвинизам Лутеранство Јудаизам | |||||
Уредување | Унитарна полупретседателска република (1848–1851) Унитарна авторитарна претседателска република (1851–1852) | |||||
Претседател | ||||||
- | 1848–1852 | Принцот Луј-Наполеон Бонапарта | ||||
Премиер | ||||||
- | 1848 (прв) | Жак-Шарл Дипон | ||||
- | 1851 (последен) | Леон Фошер | ||||
Потпретседател | ||||||
- | 1849–1852 | Анри Жорж Буле де ла Меурте | ||||
Историски период | Револуции од 1848 | |||||
- | Француска револуција | 23 февруари 1848 | ||||
- | Усвоен устав | 4 ноември 1848 | ||||
- | Државен удар | 2 декември 1851 | ||||
- | Основање на Второ Француско Царство | 2 декември 1852 | ||||
Валута | Француски франк | |||||
Денес во | Франција | |||||
По конечниот пораз на Наполеон Бонапарта во битката кај Ватерло, Франција била реконституирана во монархија позната како Бурбонска реставрација. По краткиот период на револуционерни превирања во 1830 година, кралската власт повторно била обезбедена и била воспоставена јулската монархија. Јулската монархија управувала според принципите на умерен конзерватизам и ги подобрила односите со Обединетото Кралство.
Во 1848 година,во Европа избувнал масовен револуционерен бран во кој многу граѓани ги предизвикале своите кралски водачи. Фатена во револуционерниот бран, Франција претрпела Февруарска револуција која ја соборила јулската монархија на кралот Луј-Филип,[1] Радикалните и либералните фракции на населението ја свикале Втората Француска Република во 1848 година. Обидувајќи се да ги вратат вредностите на Првата Француска Република за човековите права и уставната влада, тие го усвоиле мотото на Првата република; Liberté, Égalité, Fraternité. Републиката била зафатена со племенски тенденции на нејзините водечки фракции: ројалисти, прото-социјалисти, либерали и конзервативци. Во оваа средина, внукот на Наполеон, Луј-Наполеон Бонапарта, се етаблирал како популарна личност против естаблишментот. Тој бил избран за претседател во 1848 година. Според уставот на Втората република, претседателот бил ограничен на еден мандат.
Луј-Наполеон ја соборил републиката со државен удар во 1851 година, се прогласил себеси за император Наполеон III и го создал Второто Француско Царство.