Филаделфија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Филаделфија (англиски: Philadelphia) — најголемиот град во сојузната држава Пенсилванија, втор по големина на источниот брег на Соединетите Држави и петти најнаселен град во Соединетите Држави. Се наоѓа во североисточниот дел на Соединетите Држави преку Делавер и рекире Скукил и е единствен консолидиран град-област во Пенсилванија. Со пописот направен во 2010 година,, граот има население од 1 526 006. Филаделфија е економски и културен центар на долината Делавер, дом на 6 милиони луѓе и петта најголема метрополска област во државата. Поделеноста на Филаделфија се состои од пет држави во Пенсилванија и има население од 4 008 994. Популарен прекар на Филаделфија е Фили Градот на Братската љубов, подоцна, кој произлегува од литературното значење на името на градот на грчки.
Филаделфија Philadelphia | |||
---|---|---|---|
град-округ | |||
Статуата на Бенџамин Френклин, Ѕвоното на слободата, Филаделфискиот ликовен музеј, Градскиот дом и Салата на независноста | |||
| |||
Местоположба во САД | |||
Координати: 39°57′N 75°10′W | |||
Земја | САД | ||
Сој. држава | Пенсилванија | ||
Округ | Филаделфија
| ||
Пор. колонија | Пенсилванија | ||
Основана | 27 октомври 1682 | ||
Градски статус | 25 октомври 1701 | ||
Основач | Вилијам Пен | ||
Управа | |||
• Вид | Градоначалник-совет | ||
• Орган | Градски совет | ||
• Градоначалник | Мајкл Натер (Д) | ||
Површина | |||
• град-округ | 367 км2 (141,6 ми2) | ||
• Земјишна | 347,3 км2 (134,1[1] ми2) | ||
• Вода | 19,4 км2 (7,5 ми2) | ||
• Градска | 4.660,5 км2 (1.799,5 ми2) | ||
• Метро | 11.988,6 км2 (4.629 ми2) | ||
Надм. вис. | &1000000000000001200000012 м | ||
Население (2014)[2] | |||
• град-округ | 1,560,297 | ||
• Ранг | V во САД | ||
• Густина | 4,492,4/км2 (11,635,3/ми2) | ||
• Метро | 6,051,170 | ||
• CSA | 7,164,790 | ||
Час. појас | EST (UTC-5) | ||
• Лете (ЛСВ) | EDT (UTC-4) | ||
Пошт. бр. | 191xx | ||
Повик. бр. | 215, 267 | ||
FIPS | 42101 (округ) [3] | ||
GNIS | 1215531[4] | ||
Мреж. место | phila.gov |
Во 1682 година, Вилијам Пен го основал градот за да служи како главен град на Колонијата на Пенсилванија. Од 1750 година го помина Бостон и стана најголемиот град и најпрометниот дел во Британска Америка и втор во Британската Империја, по Лондон. За време на Американската револуција, Филаделфија играше инструментална улога како место за средби на основоположувачите на Соединетите Држави кои ја потпишаа Декларацијата за Независност во 1776 година и Уставот во 1787 година. Филаделфија беше единсвениот главен град за време на Револуционерната Војна и градот служеше како привремен американски главен град додека Вашонгтон ДЦ беше во изградба. За време на XIX век, Филаделфија стана главен индустриски и железнички центар којшто прерасна од страна на европските имигранти. Стана прво одредиште а африканските американци за време на Големтата Преселба и се населија околу два милиони во 1950 година.