Источен часовен појас
часовен појас во Северна Америка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Источен часовен појас (англиски: Eastern Time Zone, ET) — часовен појас на западната полутопка кој го покрива источниот брег на Северна Америка и западниот брег на Јужна Америка. Времето е пет часа назад од UTC во стандардното време (UTC-5) и четири часа во летното време (UTC-4). Времето за овој појас се добива од средното сончево време од меридијанот 75° западно од Гриничката опсерваторија.
Во САД и Канада, овој часовен појас обично се нарекува „источно време“ (Eastern Time, ET). Поточно, во однос на стандардното време (преку зима) е „источно стандардно време“ (Eastern Standard Time, EST), а преку лето е „источно летно време“ (Eastern Daylight Time, EDT).
Појасот е два часа пред планинскиот појас и еден час зад централниот часовен појас.