Скити
From Wikipedia, the free encyclopedia
Скитите (во Средна Азија познати под етнонимот Сака) се антички народ од иранската група народи.[1] Тој се состоел од номадски племиња и во различни историски периоди населувал големи територии меѓу Западна Монголија, Средна Азија, дури Североисточна Бугарија. Најзначајните скитски племиња, познати од античките извори, ги населувале земјите меѓу реките Дњепар и Дон. Потчинетите од нив народи кои живееле во периферните региони на Источноевропските степи, исто така биле нарекувани Скити, но тие всушност не зборувале ирански јазици. Византискиот емисар Приск, којимал средби со хунскиот водач Атила, неколку пати ги нарекува неговите сопатници „Скити“. Тоа е причина некои научници да претпоставуваат дека некои хунскиа племиња биле од скитско потекло.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Бидејќи не е откриена скитска писменост, огромниот дел од податоците кои се однесуваат на скитите доаѓаат од старогрчки и римски извори. Скитите биле организирани во мрежа од племиња кои одгледувале коњи, населувале голем дел од степските региони на Евроазија. Нивните населби достигнувале до Североисточен Казахстан. Тие биле управувани од племенска аристократија. По традиција, аристократите биле погребувани во кургани. Погребалните комори во нив биле изградени од штици од европски ариш (Lаrix dеciduа), дрво кое било од посебно ритуално значење, како единствено иглолисно дрво во Европа на кое му паѓаат игличките во зима, т.е. слично на широколисните дрвја кои ги менуваат листата, и на тој начин го симболизира повторното раѓање. Погреби како тој во Пазирик, во Алтајските планини, раскриваат впечатливо добро зачувани во лед скитски мумии, а една од нив е „Ледената девојка“ од 5 век пр.н.е..
Скитите биле особено познати по вештините во стрелање со лак, поради што многу Скити биле земани како наемници кај соседните народи. Врз основа на археолошките пронајдоци, некои научници сметаат дека скитските жени-воини послужиле како основа на старогрчкиот мит за амазонките. Некои откриени гробови од културата Пазирик делумно го потврдуваат ова мислење. Најдени биле скелети на маж и жена во полна борбена опрема. Сето тоа наведува на мислата дека некои жени, обично млади и неомажени, биле дел од воениот состав.