Природна застапеност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Природна застапеност (ПЗ) — поим во физиката кој ја означува застапеноста на изотопите на еден хемиски елемент во природата на една планета, како да речеме Земјата. Релативната атомска маса (прилагодена согласно молскиот удел) на овие изтотопи е атомската тежина наведена за секој од елементите периодниот систем. Застапеноста на еден изотоп се разликува од една планета до друга (па дури и од едно до друго место на Земјата), но е постојано иста низ времето (во кратлорочна смисла). На пример, ураниумот има три природни изотопи: 238U, 235U и 234U. Застапеноста на нивните молски удели се 99,2739–99,2752%, 0,7198–0,7202% и 0,0050–0,0059%.[1] На пример, ако анализираме 100.000 атоми на ураниум, треба да очекуваме да најдеме околу 99.274 атоми на 238U, 720 атоми на 235U и многу малку (најверојатно 5-6) атоми на 234U. Причината за ова е тоа што 238U е многу постабилен од 235U or 234U, што се забележува од периодот на полураспад на секој од нив: 4,468×109години за 238U споредено со 7,038×108 години за 235U и само 245.500 години за 234U.
Поради различните полураспадни периоди на ураниумските изотопи, изотопниот состав на ураниумот бил поинаков кога Земјата била млада. На пример, пред 1,7 милијарди години, застапеноста на 235U била 3,1%, а денес таа изнесува 0,7%; така, во тој период можеле да се јавуваат природни реактори на јадрено цепење, што денес не е можно.
Сепак, природната застапеност на еден изотоп зависи и од веројатноста да биде создаден во нуклеосинтеза (како во случај на самариумот — радиоактивните 147Sm и 148Sm се многу позастапени од стабилниот 144Sm) и од неговото производство од страна на природни радиоактивни изотопи (како во случај на изотопите на оловото).