Периоден систем на елементите
From Wikipedia, the free encyclopedia
Периоден систем на елементите — табела што ги содржи основните податоци за познатите хемиски елементи, како нивната електронската конфигурација, вредностите за електронегативноста, атомскиот (реден) број, хемискиот симбол и сл. Овој систем бил конструиран од рускиот научник Дмитриј Иванович Менделеев, па затоа е познат и како Менделеев систем.
Периодниот систем се состои од хоризонтални редови наречени периоди и вертикални колони наречени групи. Постојат седум периоди, а бројот и означувањето на групите може да биде различен.
Елементите во периодниот систем се подредени според атомскиот (односно редниот) број на хемискиот елемент. Бидејќи во нејонизираниот атом бројот на електрони е еднаков со бројот на протони (т.е. атомскиот број), следува дека кај секој следен елемент со зголемување на бројот на протони се зголемува и бројот на електрони.