Песна на Италијанците
химна на Италија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Песната на Италијанците (итал. Il Canto degli Italiani), позната и како Италијански браќа (итал. Fratelli d'Italia) и Химната на Мамели (итал. Inno di Mameli) е државна химна на Италија.[1]
макед. Песната на Италијанците | |
---|---|
Текст и ноти на химната | |
национална химна на Италија | |
Друг наслов | Inno di Mameli (Химната на Мамели) или Fratelli d'Italia (Италијански браќа) |
Текст | Гофредо Мамели, 1847 г. |
Музика | Микеле Новаро, 1847 г. |
Усвоена | 12 октомври 1946 г. (неофицијално) 17 ноември 2005 г. (официјално) |
Звучен извадок | |
инструментална верзија на италијанската химна | |
Стиховите ги напишал Гофредо Мамели во 1847 година во Џенова, обидувајќи се да создаде патриотска песна за сите Италијанци кои тежнееле кон обединување. По нешто повеќе од два месеци музиката за текстот на Мамели ја напишал Микеле Новаро.
Меѓутоа, поминал долг период пред “Химната на Мамели“, како што била наречена според авторот, да стане химна на Италија. Во периодот од создавањето на италијанската држава, па сè до доаѓањето на фашистите на власт, официјална химна на Италија била дотогашната химна на Савојската династија, “Кралски марш“ (Marcia Reale), на која со доаѓањето на Бенито Мусолини на власт и била додадена и фашистичката химна “Младинска“ (Giovinezza).
Конечно, по создавањето на Република Италија, на 12 октомври 1946 година, “Песната на Италијанците“ (Il Canto degli Italiani) станала официјална химна на Италија.