Савојска династија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Савоја (италијански: Casa Savoia) е кралска династија која што била основана во 1003 година во историскиот регион Савоја. Преку постепено проширување, семејството ја проширило својата власт од мала алпска област северозападно од Италија, до апсолутна власт во Кралството Сицилија од 1713 до 1720 година, кога им бил предаден островот Сардинија.
6
Преку својот помлад огранок Савоја-Карињано, Савоја го предводеле италијанското обединување во 1860 година и владееле со Кралството Италија до 1946 година. Краток период владееле со Кралството Шпанија во 19 век. Кралеви на Италија од династијата Савоја биле Виктор Емануел II, Умберто I, Виктор Емануел III и Умберто II. Последниот монарх владеел неколку недели пред да биде сменет по институционалниот референдум од 1946 година, по што била прогласена Италијанската Република.[1]