Ливорно (покраина)
покраина во Италија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Покраината Ливорно (италијански: provincia di Livorno) е покраина во регионот Тоскана во Италија. Во нејзин состав влегуваат и неколку острови на Тосканскиот Архипелаг, меѓу кои и Елба и Капраја. Нејзин административен центар е градот Ливорно. По формирањето во 1861 година, во состав на покраината биле вклучени само Ливорно и Елба. Нејзината територија била проширена во 1925 година за сметка на покрините Пиза и Џенова.[1] Покраината Ливорно зафаќа површина од 1211 квадратни километри, а во неа живеат 343.003 жители (2012). Во покраината има 19 општини.[1][2] Крајбрежјето на областа е познато како Етрурски брег („Costa degli Etruschi“).[3]
Покраина Ливорно | ||
---|---|---|
Покраина | ||
Седиштето на покраината во Ливорно. | ||
Map highlighting the location of the province of Livorno in Italy | ||
Држава | Италија | |
Регион | Тоскана | |
Седиште | Ливорно | |
Општини | 19 | |
Управа | ||
• Претседател | Мариа Ида Беси | |
Површина | ||
• Вкупна | 1.218 км2 (470 ми2) | |
Население (31 јули 2015) | ||
• Вкупно | 337.992 | |
• Густина | 280/км2 (720/ми2) | |
Час. појас | Средноевропско време (UTC+1) | |
• Лете (ЛСВ) | Летно средноевропско време (UTC+2) | |
Поштенски броеви | 57014, 57016, 57020-57023, 57025, 57027-57028, 57030-57034, 57036-57039 | |
Повикувачки број | 0565, 0586 | |
Рег. таб. | LI |
Покраината Ливорно е крајбрежна и има многу крајбрежни градови. Ливорно е важно пристаниште за туризам и трговија, а во близина на градот има многу караули. Во Калафурија, морето изобилува со сунѓери, школки, риби и заштитени црвени корали (Corallium rubrum). Крајбрежјето е претежно карпесто.[4] Во водите околу покраината Ливорно понекогаш има делфини.[5] Во Градот Сан Винченцо има кула од четиринаесеттиот век. Песокот на Голфо ди Барати е сребрен и црн поради високата концентрација на железо, а во областа има археолошки парк.[4]