Коринтски Залив
From Wikipedia, the free encyclopedia
Коринтски Залив (грчки: Κορινθιακός κόλπος) — длабок ракавец на Јонското Море кој го двои Пелопонез од запдниот дел на континентална Грција. На исток се граничи со Коринтската Провлака која ја сече Коринтскиот Канал, а на запад со Рионскиот Проток кој се проширува во пократкиот Патраски Залив (дел од Јонското Море) и чиј најтесен дел се преминува по мостот Рио-Андрио, отворен во 2004 г. Во управен поглед, заливот е опкружен со окрузите Етолија-Акарнанија и Фокида од север, Беотија од североисток, Атика од исток, Коринтија од југоисток и југ и Ахаја од југозапад. Во Коринтскиот Залив се одвиваат тектонски движења споредливи со оние во Исланд и Турција, и се шири по 10 мм годишно.
Коринтски Залив Κορινθιακός κόλπος | |
---|---|
Поглед на Коринтскиот Залив од Зирија | |
Местоположба на Коринтскиот Залив | |
Подрачје | Атика и Пелопонез |
Координати | 38°12′N 22°30′E |
Вид | залив |
Дел од | Егејско Море |
Сливни земји | Грција |
Во средновековна Европа, овој залив се нарекувал Лепантски Залив, што доаѓа од Лепанто — италијански облик на Навпакт.
Низ Коринтскиот Залив минуваат пловните патишта од стопанското пристаниште Пиреј (подалечно од конечните одредишта, но поголемо и подобро поврзано кон југ од Игуменица на северозапад) до западното Средоземје и понатаму. Тука минува и траект, кој ги поврзува Егио и Агиос Николаос со западниот дел на заливот.[1]