Средоземно Море
море / From Wikipedia, the free encyclopedia
Средоземно Море — дел од Атлантскиот Океан и е речиси целосно затворено со копно, на север со Европа, на југ со Африка и на исток со Азија. Покрива површина од приближно 2,5 милиони км2. Средоземното Море или Медитеранот е внатрешно или средоземно море на Атлантскиот Океан. Сместено е помеѓу Европа, Африка и Азија. Зафаќа површина од 2 972 500 км2. На запад, преку Гибралтарскиот Проток се поврзува со Атлантскиот Океан, на југоисток преку Суецкиот Канал се поврзува со Црвеното Море и со Индискиот Океан. Средозменото Море, со во основа по линијата со Апенинскиот Полуостров и Сицилија се дели на западен и источен базен.
Средоземно Море | |
---|---|
Карта на Средоземното Море | |
Координати | 35°N 18°E |
Вид | море |
Главни приливи | Атлантски Океан, Мраморно Море, Нил, Ебро, Рона, Шелиф, По |
Површина | &100000000025000000000002,500,000 км2 |
Прос. длабочина | 1.500 м |
Најг. длабочина | 5.267 м |
Зафатнина | 3.750.000 км3 |
Проточност | 80-100 г.[1] |
Острови | 3300+ |
Населени места | Александрија, Алжир, Атина, Барселона, Бејрут, Измир, Картагина, Рим, Тангер, Тел Авив, Триполи, Тунис |
Во западниот базен се наоѓаат рабните мориња Лигурско и Тиренско Море, а во источниот Јадранското, Јонското, Егејското, Мраморното и Црното Море преку протоците Дарданели и Босфор. Бреговата линија на Средоземното Море е мошне разгранета, има многу заливи, полуострови и острови. Тоа особено важи за северните брегови. Поголеми заливи се Валенскиот Залив, Лионскиот и Хеновскиот Залив.
Во Средоземното Море се наоѓаат поголем број острови како, на пример: Беларските Острови, Корзика, Сардинија, Сицилија, Малта, Крит, Киклади, Споради, Кипар и северноегејските и јадранските острови.
Во Средоземното Море се влеваат реките Ебро, Рона, По, Вардар, Дунав, Дон, Нил и други. Температурата на водата е повисока во Јужните делови на Средоземното Море, а одејќи кон север се намалува. Растителниот и животинскиот свер во Средоземното Море и според видовите и според количеството се мошне сиромашни. Поради тоа, рибарството како стопанска гранка денес е во опаѓање. Најзастепени се сардините, папалините, скушите, лигните и други видови риби. Особено развиена стопанска гранка е поморскиот сообраќај. Во литоралниот појас во уште многу други пристаништа и населби е развиена индустријата која е главно ориентална на преработка на увозни суровини. Такви се: петрохемиската, текстилната, прехранбената индустрија и слично. Голем дел од стопанските активности во Средоземјето се ориентални кон туристичкото стопаснтво, изградени се голем број туристички центри во кои се реализира голем туристички промет. Овде посебно се истакнуваат: Шпанија, Хрватска, Италија и Грција.