Комитет за јавен спас
From Wikipedia, the free encyclopedia
Комитетот за јавен спас (француски: Comité de salut public) била привремена влада во Франција за време на владеењето на теророт (1793–1794), предводен претежно од Максимилијан Робеспјер. Во април 1793 година со Националниот конвент го создавал Комитетот за јавен спас, и бил реструктуиран во јули 1793. Целта за создавање на Комитетот била да се заштити новата република од надворешните и внатрешните непријатели, борба против Првата коалиција и задушување на бунтот во Вандеја. Затоа што бил создаван како воена мерка, на комитетот му биле доделени широки надзорни и административни овластувања над вооружените сили, судството и законодавството, како и врз извршните тела и министрите на Конвентот.
Во декември 1793 година, Конвентот формално му ја дал во надлежност извршната власт на комитетот. Како негов лидер се издигнал Јакобинскиот радикал Максимилијан Робеспјер. По апсењето и погубувањето на политичките опоненти на Јакобинците, Еберовците и Дантонистите, Конвенот исплашен од нова политичка чистка се свртел против Робеспјер, кој бил уапсен и погубен во јули 1794 година. За време на Термидорската реакција, влијанието на комитетот се намалило и бил укинат во 1795 година.[1]