Жан-Жак Русо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Жан-Жак Русо (француски: Jean-Jacques Rousseau) (28 јуни 1712–2 јули 1778) — женевски филозоф, писател и композитор од периодот на францускиот романтизам. Неговата политичка филозофија влијаела на Француската револуција, како и на општиот развој на модерната политичка, социолошка и образовна мисла. Неговиот легитимитет како радикал и револуционер е можеби најдобро прикажан во „Општествениот договор“: „Човекот се раѓа слободен, а секаде е во окови“.[1] Исто така, тој бил и успешен музички композитор. Напишал неколку опери, како и други музички дела, а дал придонес кон музиката и како теоретичар.
„Русо“ води овде. За други истоимени поими, видете Русо (појаснување).
Кратки факти Жан-Жак Русо, Роден(а) ...
Жан-Жак Русо | |
---|---|
Портрет на Русо од Морис Кантен де Ла Тур (1753) | |
Роден(а) | 28 јуни 1712(1712-06-28) Женева, [d[Женева |
Починал(а) | 2 јули 1778(1778-07-02) (возр. 66) Ерменонвил, Франција |
Период | Просветителска филозофија (Современа филозофија) |
Подрачје | Западни филозофи |
Школа | теорија на општествениот договор романтизам |
Претежна дејност | политичка филозофија, музика, образование, книжевност, автовиографија |
Значајни идеи | Општа волја, самољубов, моралната едноставност на човештвото, ученички-сосредоточено учење, граѓанска религија, народна сувереност, позитивна слобода |
Влијанија од
| |
Влијаел врз
| |
Затвори