Група (периоден систем)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Група или семејство — поим во хемијата кој означува колона од периодниот систем на елементите. Постојат 18 вакви групи означени со бројка, освен колоните на f-блокот (меѓу група 2 и 3). Елементите во една група имаат слични физички и хемиски особености на најнадворешните електронски обвивки на нивните атоми (т.е. имаат ист јадрен полнеж), со оглед на тоа што највеќето хемиски својства ги одредува орбиталната положба на најнадворешниот електрон.
Постојат три начини на означување на групите. Современиот начин на бележење (група 1-18) е препорачан од Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија (МСЧПХ или IUPAC) и претставува замена за две постари шеми кои предизвикуваат забуни. Групите може да се означуваат и според нивниот најгорен елемент, или пак да имаат сопствен назив. На пример, групата 16 се нарекува и кислородна група или халкогени. во 1989 г. како појдовен е земен долгиот облик на периодниот систем[1] со препорака да се користат арапските бројки од 1 до 18.