Гилотина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гилотината претставува справа за извршување на смртна казна со која се отсекувала главата на осудените затвореници во Франција. Била воведена во 1792 во време на Француската револуција на предлог од страна на лекарот д-р Жозеф И. Гијотен. Прикажувањето на отсечени глави долго време било еден од најчестите начини на кои европските земји ја покажувале својата моќ на своите поданици.[1]
За последен пат гилотината во Франција се употребила на 10 септември 1977[2], а на 9 октомври 1981 година смртната казна била укината.[3]