Вселенска сонда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вселенска сонда, или едноставно сонда — роботско вселенско летало што не орбитира околу Земјата, туку истражува подалеку во вселената.[2] Вселенска сонда може да се приближи до Месечината; да патува низ меѓупланетарниот простор; прелетува, орбитира, или слета или лета на други планетарни тела; или да влезе во меѓуѕвездениот простор.
Вселенските агенции на СССР (денес Русија, Украина и други), САД, Европската унија, Јапонија, Кина, Индија и Израел колективно лансират сонди на неколку планети и месечини од Сончевиот Систем, како и на астероиди и комети. Во моментов работат околу 15 мисии.[3]