Вилијам IV
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вилијам IV (Вилијам Хенри, роден на 21 август 1765, починал на 20 јуни 1837) бил крал на Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска и на Хановер од 26 јуни 1830 па сè до неговата смрт. Вилијам, третиот син на Џорџ III и помлад брат и наследник на Џорџ IV, бил последниот крал и претпоследен монарх во Британската куќа на Хановер.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Вилијам IV | |||||
---|---|---|---|---|---|
Вилијам IV, насликан од Сер Мартин Арчер Ши, 1833 | |||||
Крал на Обединетото кралство | |||||
На престол | 26 јуни 1830 – 20 јуни 1837 | ||||
Крунисување | 8 септември 1831 | ||||
Претходник | Џорџ IV | ||||
Наследник | Викторија | ||||
Премиери | Погледни список
| ||||
Крај на Хановер | |||||
На престол | 26 јуни 1830 – 20 јуни 1837 | ||||
Претходник | Џорџ IV | ||||
Наследник | Ернест Август Први | ||||
Роден(а) | 1765 8 21
Бакингемска палата, Лондон | ||||
Починал(а) | Предлошка:Умрен на Замокот Виндзор, Беркшир | ||||
Почивалиште | 8 јули 1837 Капелата Сент Џорџ, Виндзор, Беркшир | ||||
Сопружник | Аделаида од Сакс-Мејнинген | ||||
Деца | Законски:
| ||||
| |||||
Династија | Династија Хановер | ||||
Татко | Џорџ Трети | ||||
Мајка | Шарлот од Мекленбург-Стрелиц | ||||
Занимање | Воено лице (Морнар) | ||||
Потпис |
Тој служел во кралската морнарица во неговата младост и за време на неговото владеење, а подоцна бил наречен и „Морнарски Крал“.[1][2] Тој служел во Северна Америка и на Карипските острови, но видел малку вистински борби. Откако неговите двајца постари браќа загинале оставајќи го без правно потомство, тој го наследил престолот на 64 годишна возраст. Во текот на неговото владеење спровел неколку реформи: сиромашниот закон бил обновен, детскиот труд ограничен, ропството укинато во речиси целата Британска Империја и со реформаторскиот акт од 1832 го ремодернизирал британскиот изборен систем. Иако Вилијам не се вклучи во политиката колку и неговиот брат или татко, тој беше последниот монарх да назначи Премиер, спротивно од волјата на Парламентот. Преку својот брат, поткрал на Хановер, тој му доделил на царството краткотраен либерален устав.
При неговата смрт, Вилијам немал правно потомство, иако тој преживеал со осум од десет вонбрачни деца кои ги имал со глумицата Доротеја Јордан, со која живеел 20 години. Вилијам бил наследен во Обединетото Кралство од својата внука, Викторија, a во Хановер од неговиот брат, Ернест Август I.