20 јуни
датум / From Wikipedia, the free encyclopedia
20 јуни — 171-виот ден во годината според грегоријанскиот календар (172-ри во престапна година). Остануваат 194 дена до крајот на годината.
01 | ||||||
02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 |
09 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 |
Настани:
1936 | По повод организираниот штрајк на македонските градители, овој датум е прогласен за Ден на градежните работници на Македонија. |
1963 | САД и Советскиот Сојуз постигнаа спогодба за воспоставување на „црвен телефон“, меѓу Москва и Вашингтон. Директна линија е воспоставена по кубанската криза заради итни консултации меѓу шефовите на двете велесили во критични ситуации. |
1979 | Во издание на НИП „Нова Македонија“, редакција „Вечер“, излезе првиот број на енигматскиот забавник „Котелец“. |
1996 | Во Брисел, Република Македонија и Европската унија, со размена на писма го прифатија текстот на Спогодбата за соработка. |
Родени:
1389 | Јован — Прв војвода од Бедфорд. |
1469 | Џан Галеацо Сфорца — војвода на Милано. |
1819 | Жак Офенбах — француски композитор од германско потекло. |
1909 | Ерол Флин — американски глумец. |
1922 | Александар Сариевски — македонски народен пејач и композитор. |
1928 | Ерик Долфи — американски џез-музичар. |
1932 | Роберт Рождественски — руски поет. |
1941 | Стифен Фриарс — англиски филмски режисер. |
1942 | Брајан Вилсон — американски рок-музичар, член на групата „Бич бојс“ (Beach Boys). |
1949 | Лајонел Ричи — американски поп-музичар. |
1958 | Светозар Цветковиќ — српски глумец. |
1960 | Џон Тејлор — англиски поп-музичар, член на групата „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran). |
1967 | Никол Кидман — австралиска глумица. |
1968 | Роберт Родригес — американски режисер. |
1976 | Жулијано Белети — бразилски фудбалер. |
1978 | Френк Лампард — англиски фудбалер. |
1980 | Фабијан Вегман — германски велосипедист. |
1982 | Алексеј Березутски — руски фудбалер. |
1982 | Василиј Березутски — руски фудбалер. |
1987 | Асмир Беговиќ — босански фудбалер. |
1991 | Калиду Кулибали — сенегалски фудбалер. |
1993 | Сеад Колашинац — босански фудбалер. |
Починале:
1527 | Николо Макијавели — италијански политичар, дипломат, писател и воен стручњак. |
1888 | Јоханес Цукерторт — германски шаховски мајстор. |
1933 | Клара Цеткин — познат политички работник на германското и на меѓународното социјалистичко движење, писателка и публицистка. |
1993 | Ѓерѓ Шароши — унгарски фудбалер. |
1995 | Емил Чоран — романски филозоф и есеист. |
2002 | Асен Групче — македонски правник. |
Празници:
* | Летна долгодневица на северната полутопка — започнува летото. Краткодневица на јужната — започнува зимата. |