Велесила
From Wikipedia, the free encyclopedia
Велесила (или голема сила, светска сила [2]) ― суверена држава со извонредно голема економска, воена, и политичка моќ што ѝ овозможува да врши влијание на светско ниво.[3] Поради својата воена и економска сила, како и меката моќ што ја поседуваат, велесилата може да ги натера средните или малите сили да го земат предвид нејзиното мислење пред да преземат свои активности.
Честопати се спори за точните критериуми според кои една држава ќе има статус на велесила. Од историски аспект, статус на велесила формално се признава со влијанието во организации како што бил Виенскиот конгрес [1][4] или Советот за безбедност на Обединетите нации.[1][5][6] Советот за безбедност на Обединетите нации, Квинтетот на НАТО, G7, БРИК и Контакт групата се опишани како здруженија на велесили.[7][8]
Терминот „велесила“ за првпат бил употребен за да се опишат најважните сили во Европа по Наполеоновата ера. „Велесилите“ го сочинувале „Европскиот концерт“ и барале право на заедничко спроведување на повоените договори.[9] Формалната поделба на мали сили [10] и велесили се случило по потпишувањето на Шомонскиот договор од 1814 година. Оттогаш, многу пати се сменила меѓународната рамнотежа на силите, најдраматично за време на Првата и Втората светска војна.