Суверена држава
политичка организација со централизирана управа што има самобитност и независна власт врз дадено географско подрачје / From Wikipedia, the free encyclopedia
Суверена држава — политички субјект којшто е претставен од една централизирана влада која има суверенитет над географска површина. Според меѓународното право, суверените држави имаат постојано население, дефинирана територија, една влада и капацитет да влезат во односи со други суверени држави.[1] Исто така, вообичаено се подразбира дека суверената држава е независна.[2] Според декларативната теорија за државност, суверена држава може да постои без да биде признаена од други суверени држави.[3][4] Непризнаените држави често имаат потешкотии да склучат договори или да се вклучат во дипломатски односи со други суверени држави.