Бисер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бисерот има кристална структура и како и надворешниот дел од школката се состои од 80-92% од калциум карбонат. Почетната фаза во формирањето на бисерот е навлегувањето на зрно песок во внатрешноста на школката. Со цел да се заштити од туѓото тело, школката го обложува со мазна и тврда материја која се нарекува седеф и на тој начин спречува зрното песок да го гребе нејзиното меко тело.[1]
Најголемиот бисер на светот е тежок 6,37 кг и е проценет на повеќе од 30 милиони американски долари. Најден е на Филипините во 1934 година и е наречен „Лао-Цеа“. Школката која го направила припаѓа на видот Tridacna gigas.