Берингов Проток
From Wikipedia, the free encyclopedia
Берингови Проток (руски: Берингов пролив, англиски: Bering Strait, јупички: Imakpik)[1][2] е 85 км широк морски проток помеѓу ’ртот Дежњов (Чукотски автономен округ, Русија), најисточната точка (169° 43' ЗГД) на азискиот континент и ’ртот Принц од Велс (Алјаска, САД), најзападната точка (168° 05' ЗГД) на северноамериканскиот континент. Протокот лежи малку појужно од поларникот на приближно 65° 40' СГШ. Денешната граница помеѓу САД и Русија се наоѓа на 168° 58' 37" ЗГД[3].
Антрополозите сметаат дека првите луѓе преминале од Азија во Северна Америка копнениот премин наречен Берингија што го сечел протокот, поврзувајќи ги двата континента. Ова денес веројатно е подводен срт кој тогаш бил на површина. Теоријата вели дека тогаш океанот бил на пониско ниво, поради тоа што огромно количество на вода било заробено во ледниците.[4]
Руското крајбрежје долж Беринговиот Проток е затворено за јавноста како воена област и сите неовластени лица се задржуваат накратко во притвор и се испраќаат назад од кајшто дошле.[5]