Џедефрева пирамида
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џедефрева пирамида — поранешна староегипетска пирамида во Абу Раваш, од која денес се останати рушевини. Таа била најсеверната египетска пирамида и се верува дека била изградена од страна на фараонот Џедефра од Четвртата египетска династија. Древното име на пирамидата било „Џедефрево ѕвездено небо“.[1]
Наспроти тврдењата на некои египтолози во последните неколку декади, неодамнешните ископувања во Абу Равеш од страна на Мише Бод од музејот Лувр укажуваат дека пирамидата всушност никогаш не била довршена. Во случај да била довршена, се претпоставува дека истата би била со иста голема како и Микереновата пирамида, која е трета по големина од пирамидите во Гиза.[2][3] Се верува дека пирамидата првично била најубавата пирамида со надворешност од полиран гранит, варовник и круна со голем пирамидион. Од оваа причина, се смета дека истата во голема мера била разрушена во времето на Римското Царство за да можело да се поддржат римските градежни проекти по освојувањето на Египет од стана на римскиот цар Октавијан Август.