Варовник
вид седиментна карпа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Варовник — седиментна карпа составена претежно од калцит и арагонит, кои претставуваат различни кристални облици на калциум карбонат (CaCO3). Често варовниците се составени од парченца тврд материјал морски организми како корали и дупконосци.
Седиментна карпа | |
Состав | |
---|---|
калциум карбонат: неоргански кристален калцит и/или органски калциумов материјал |
Овој вид на карпи сочинува 10% од седиментните карпи на светот. Растворливоста на варовникот во вода и благи кисели раствори доведува до образување на карстни предели, каде водата ги раствора варовничките карпи во период од илјадници до милиони години. Многу од пештерите во светот се наоѓаат во варовнички средини.
Варовникот има разни намени: како градежен материјал, во изградбата на патишта, како бел пигмент или пополнувач во производи (паста за заби или бои) и како хемиска суровина.
Во Македонија, варовникот e најзастапен на Жеден, Сува Планина, Караџица и Галичица,[1] а најмногу се експлоатира во Бањани[2], Говрлево[3] и Краста.