6 мај
датум / From Wikipedia, the free encyclopedia
6 мај — 126-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (127-и во престапна година). Остануваат 239 денови до крајот на годината.
<< | мај | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
01 | 02 | 03 | 04 | |||
05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
2024 |
Настани:
1682 | Луј XIV го преселил својот двор од Лувр во новиот замок Версај. |
1889 | Во Париз официјално е отворена Ајфеловата кула во рамките на Универзалната изложба од 1889. Конструктор на кулата е инженерот Густав Ајфел. Кулата е поставена во парискиот парк Шан де Марс и е висока 320 метри. |
1937 | Цепелинот „Хинденбург“ се запалил и изгорел при слетувањето во близина на Њујорк при што загинале 36 луѓе. Оваа несреќа го означила крајот на цепелинот како редовно воздушно превозно средство. |
1991 | Во Сплит е убиен Сашко Гешовски, прва македонска жртва во конфликтот во поранешна СФРЈ. Тој ден Гешовски бил на должност стражар во командата на воено-поморската област во Сплит каде на протести излегле околу 30.000 демонстранти. |
1994 | Во Мексико на Генералното собрание на Светската организација за нумерирање на артиклите (ЕАН), како редовен член е примена и македонската организација ЕАН-МАК. |
1994 | Кралицата Елизабета II и претседателот Франсоа Митеран свечено го отвориле тунелот под Ламнанш, железничка врска помеѓу Обединетото Кралство и Франција. |
2007 | Претседателски избори во Франција: Николас Саркози е избран за претседател на Франција. |
Родени:
1501 | Марцел II — римски папа. |
1848 | Васил Апостолов Икономов — македонски учител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач и калиграф. |
1856 | Сигмунд Фројд — австриски научник, основач на психоанализата. |
1868 | Гастон Леру — француски новинар и писател. |
1868 | Николај II — руски цар (убиен 1918). |
1869 | Апостол Петков — македонски револуционер. |
1895 | Рудолф Валентино — американски глумец. |
1915 | Орсон Велс — американски глумец и режисер. |
1935 | Вук Крњевиќ — српски поет. |
1941 | Ивица Осим — босански и југословенски фудбалер и тренер. |
1951 | Шабан Шаулиќ — српски фолк-пејач. |
1953 | Тони Блер — британски политичар. |
1954 | Дора Бакојани — грчка политичарка. |
1961 | Џорџ Клуни — американски глумец и режисер. |
1963 | Алесандра Фери — италијанска балерина. |
1973 | Дејан Томашевиќ — српски кошаркар. |
1976 | Иван де ла Пења — шпански фудбалер. |
1980 | Димитрис Дијамантидис — грчки кошаркар. |
1982 | Франсиско Вентосо — шпански велосипедист. |
1983 | Дани Алвеш — бразилски фудбалер. |
1985 | Крис Пол — американски кошаркар. |
1986 | Горан Драгиќ — словенечки кошаркар. |
1986 | Роман Кројцигер — чешки велосипедист. |
1987 | Дрис Мертенс — белгиски фудбалер. |
1992 | Јонас Валанчиунас — литвански кошаркар. |
1993 | Урош Ковачевиќ — српски одбојкар. |
1994 | Матео Ковачиќ — хрватски фудбалер. |
1995 | Марко Пјаца — хрватски фудбалер. |
Починале:
1910 | Едвард VII — британски крал. |
1945 | Џемаил Хасани — водач на „Бали Комбетар“ за Западна Македонија. |
1949 | Морис Метерлинк — белгиски писател. |
1959 | Рагнар Нурске — естонски економист. |
1991 | Сашо Гешовски — првата жртва од Македонија во воените конфликти во СФР Југославија. |
1992 | Марлен Дитрих — американска филмска глумица од германско потекло. |
1993 | Велко Силјаноски — редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, основоположник на дисциплината фонетика на англиски јазик. |
2004 | Барни Кесел — американски џез-музича |
2007 | Стеван Раичковиќ — српски поет. |
2015 | Ерол Браун — американски соул и фанк пејач, член на групата „Хот чоколит“ (Hot Chocolate). |
Празници:
* | Ѓурѓовден — денот кога во 303 г. според традицијата е погубен Светиот великомаченик Георгиј. |
* | Ерделез — традиционален празник на Ромите. |