Спектрална линија
оптичка појава / From Wikipedia, the free encyclopedia
Спектрална линија — темна или светла линија во континуиран спектар, што произлегува од емисија или апсорпција на светлина во тесен честотен опсег, во споредба со блиските честоти. Спектралните линии често се користат за идентификација на атоми и молекули. Овие „отпечатоци“ може да се споредат со претходно собраните „отпечатоци од прсти“ на атоми и молекули,[1] и на тој начин се користат за да се идентификуваат атомските и молекуларните компоненти на ѕвездите и планетите, што инаку би било невозможно.