Кралство Романија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралство Романија (романски: Regatul României) ― државното уредување на Романија во периодот 1881-1947. Уредувањето било уставна монархија која постоело од 13 март (стар стил) / 25 март 1881 година со крунисувањето на принцот Карол од Хоенцолерн-Зигмаринген како крал Карол I (со тоа започнало романското кралско семејство ), до 1947 година со абдикација на кралот Михај I и прогласувањето на Романската Народна Република од страна на романското собрание.
Кралство Романија Regatul României (романски)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Nihil Sine Deo („Ништо без Бога“) |
||||||
Химна: „Marș triumfal“' („Триумфален марш“) (1881–1884) Trăiască Regele |
||||||
Кралството Романија во 1914 година
|
||||||
Кралството Романија во 1939 година
|
||||||
Главен град | ||||||
Најголем град | Букурешт (1881–1916, 1918–1947) Јаш (1916–1918) | |||||
Службен јазик | Романски[1] | |||||
Демоним | Романец/Романка/Романци | |||||
Уредување | Унитарна парламентарна уставна монархија под
|
|||||
Законодавство | Собрание (1881–1937; 1939–1940) Нема (владеење по декрет) (1937–1939; 1940–1946) Собрание на пратеници (1946–1947) |
|||||
• | Горен дом | Сенат (1881–1937; 1939–1940) |
||||
• | Долен дом | Собрание на пратеници (1881–1937; 1939–1940) |
||||
БДП (номинален) | проценка за 1938[d] г. | |||||
• | Вкупно | $2.834 милијарди | ||||
Валута | Романска леа | |||||
|
Од 1859 до 1877 година, Романија еволуирала од личен сојуз на две кнежества: (Молдавија и Влашка) наречена обединување на Молдавија и Влашка, исто така позната како „Малиот сојуз“ под еден кнез до автономно кнежевство со монархија под Хоенцолерн. Земјата ја стекнала својата независност од Отоманската Империја за време на Руско-турската војна од 1877-1878 година (месно позната како Романска војна за независност), по што била принудена да го отстапи јужниот дел на Бесарабија во замена за Северна Добруџа. Територијата на кралството за време на владеењето на кралот Карол I, помеѓу 13 (стар стил) / 25 март 1881 година и 27 септември (стар стил) / 10 октомври 1914 година понекогаш е нарекувано Романско Старо Кралство, за да се разликува од „Голема Романија“, што ги вклучуваше покраините кои станале дел од државата по Првата светска војна (Бесарабија, Банат, Буковина и Трансилванија).
Со исклучок на јужните делови на Буковина и Трансилванија, овие територии биле отстапени на соседните земји во 1940 година, под притисок на Германија или на Советскиот Сојуз. По укинувањето на уставот од 1923 година од страна на кралот Карол II во 1938 година, Кралството Романија станала апсолутна монархија, само за да стане воена диктатура под Јон Антонеску во 1940 година по присилната абдикација на кралот Карол II, со неговиот наследник, кралот Михај I да се биде фигура без ефективна политичка моќ. Името на земјата било променето во Легионерска Романија.