Голема Романија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Поимот Голема Романија (романски: România Mare) обично се однесува на границите на Кралството Романија во меѓувоениот период,[1] постигната по Големото обединување. Се однесува и како пан-националистичка[2][3] идеја.
Како концепт, нејзината главна цел е создавање на нација-држава во која би биле вклучени сите што зборуваат романски.[4][5][6][7][8] Во 1920 година, по припојувањето на Трансилванија, Буковина, Бесарабија и делови од Банат, Кришана и Марамуреш, романската држава го достигнала својот најголем мирновременски географски опсег досега (295.049 км2). Денес, концептот служи како водечко начело за обединување на Молдавија и Романија.
Идејата е споредлива со други слични концепции како Голема (Санстефанска) Бугарија, Голема Грција (Мегали идеја), Голема Југославија, Голема Унгарија и Голема Италија.[9][10]