Знаме на Романија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Знамето на Романија (романски: Drapelul României) е официјалното знаме на државата. Знамето е тробојно и е составено од три вертикални ленти во сина, жолта и црвена боја со димензии од 2:3.
Кратки факти Назив, Употреба ...
Назив | романски: Tricolorul |
---|---|
Употреба | државно и пловно знаме |
Сразмер | 2:3 |
Усвоено | 26 јуни 1848 24 април 1867 27 декември 1989 |
Опис | Три вертикални ленти во сина, жолта и црвена боја. |
Затвори
Ова знаме е доста слично со знамето на Молдавија и Андора, но за разлика од нив нема грб на самото знаме. Романското знаме е речиси идентично со знамето на Чад, кое пак се разликува во потемната нијанса на сината боја. Ова било причина за меѓународна реакција, кога Чад побарал Романија да го смени своето знаме, но Романија тоа го одбила[1].