Кралица Викторија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралица Викторија (англиски Queen Victoria; целосно име: Александрина Викторија; родена на 24 мај 1819 - починала на 22 јануари 1901 година) — Кралица на Обединетото Кралство од 20 јуни 1837 година, па сè до нејзината смрт. Од 1 мај 1876 година, таа се здобива со титулата Царица на Индија.
Викторија | |||||
---|---|---|---|---|---|
Викторија со својата мала дијамантска круна во 1882 г. | |||||
Кралица на Обединетото Кралство | |||||
На престол | 20 јуни 1837 – 22 јануари 1901 | ||||
Крунисување | 28 јуни 1838 | ||||
Претходник | Вилијам IV | ||||
Наследник | Едвард VII | ||||
Премиери | Погл. список | ||||
Царица на Индија | |||||
На престол | 1 мај 1876 – 22 јануари 1901 | ||||
Цардски дурбар | 1 јануари 1877 | ||||
Претходник | — | ||||
Наследник | Едвард VII | ||||
Поткралеви | Погл. список | ||||
Роден(а) | 24 мај 1819(1819-05-24) Кензингтонски дворец, Лондон | ||||
Починал(а) | 22 јануари 1901(1901-01-22) (возр. 81) Озборнски дом, о-в Вајт | ||||
Почивалиште | 4 февруари 1901 Фрогмор, Виндзор | ||||
Сопружник | Принц Алберт од Сакс-Кобург и Гота | ||||
Деца Detail |
| ||||
| |||||
Династија | Хановерци | ||||
Татко | Едвард, Војвода од Кент и Стратерн | ||||
Мајка | Принцеза Викторија од Сакс-Кобург-Гота-Залфелд | ||||
Потпис |
Викторија била ќерка на Едвард, Војвода од Кент и Стратерн, којшто бил четвртиот син на кралот Џорџ III. Војводата од Кент и кралот починале во 1820 година. Викторија била одгледана под близок надзор на нејзината мајка, принцезата Викторија од Сакс-Кобург-Залфелд (родена во Германија). Таа го наследила престолот на 18 годишна возраст, откако починале сите три постари сина на нејзиниот татко, без да наследат правно потомство. Во Обединетото Кралство веќе било воспоставена уставна монархија, во која монархот одржува релативно мала директна политичка моќ. Тајно, таа се обидувала да влијае на владината политика и министерските функции. Во јавноста, таа била национален симбол и била препознатлива по строгите стандарди на личната моралност.
Во 1840 година таа се омажила со нејзиниот прв братучед, принцот Алберт од Сакс-Кобург и Гота. Нивните девет деца се венчале во кралски и благородни семејства на другата страна од континентот, зближувајќи ги заедно и притоа придобивајќи го прекрарот „Бабата на Европа“. По смртта на Алберт во 1861 година, Викторија паднала во длабока жалост и избегнувала јавни појавувања. Како резултат на нејзината изолираност, републиканизмот привремено добил сила, но во втората половина од нејзиното владеење, нејзината популарност се обновила. Нејзините златни и дијамантски јубилеи биле времиња на јавна прослава.
Нејзиното владеење траело 63 години и 7 месеци, второ најдолго од било кој друг британски монарх (по Елизабета II) и едно од најдолгите за некоја женска владетелка во историјата. Нејзиното владеење е познато како Викторијанската ера. Тоа било период на индустриски, културни, политички, научни и воени промени во рамките на Обединетото Кралство и било одбележано од големата експанзија на Британското Царство. Таа била последната британска владетелка на Хановерската дианстија; нејзиниот син и наследник Едвард VII припаѓал на династијата Сакс-Кобург и Гота, лозата на неговиот татко.