Карст
геолошка образба / From Wikipedia, the free encyclopedia
Карст — геолошка образба создадена со растворање на еден или повеќе слоеви на карпесто тло, обично карбонатни карпи, како варовникот или доломитот,[1] но и гипс.[2] Од соодветни услови, карстот се образува и кај амотсферски-отпорни карпи како кварцитот.[3]
Бидејќи водата се исцедува под земја, карстните краишта обично немаат реки и езера, или имаат сосем малку. Ваквите предели имаат карактеристични облици како сеноти, вртачи и понорници. Постојат и предели без никакви карактеристични облици, на места каде растворливата карпа има прекривка од материјали како леднички остатоци или пак е заробена од еден или повеќе нерастворливи карпести слоеви. Во некои карстни краишта има иладници пештери, иако присуството на пештери само по себе не е показател за карстен терен.