Сеноти
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сеноти (шпански: cenote) е дупка исполнета со подземна вода опколена од карпи. Сенотите се типични за Јукатан, Мексико и во околните карипски острови. Името на сенотите доаѓа од називот на Маите за место каде е достапна свежа вода. Сенотите имале важна улога во религискиот живот на Маите и се верувало дека тие се преминот од материјалниот кон подземниот свет каде живееле богови, духови и натприродни суштества.