Вулкан (претпоставена планета)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вулкан [2] била претпоставена планета за која некои астрономи во 19 век мислеле дека постои во орбитата меѓу Меркур и Сонцето. Неговото постоење првпат го предложил францускиот математичар Урбеин Ле Верие, чии што пресметки покажале нешто необично во орбитата на Меркур за кои мислел дека се резултат на гравитациските влијанија на друга непозната блиска планета или група од астероиди.
Биле извршени многу потраги по Вулкан, но и покрај тоа што повремено имало тврдења дека планетата била забележана, постоењето на Вулкан никогаш не било потврдено. Постоењето на оваа планета подоцна било целосно отфрлено затоа што со Ајнштајновата теорија за општата релативност од 1915 година покажала дека необичната орбитата на Меркур се должи на искривувањето на времепросторот предизвикано од масата на Сонцето.[3]