Бадем
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бадемот (науч. Prunus dulcis, син. Prunus amygdalus или Amygdalus communis) е малечко дрво кое припаѓа на потсемејството Prunoideae од фамилијата Рози; бадем се нарекува исто така и плодот на ова дрво. Растението е класифицирано како праска во поткласата Amygdalus од Prunus, кое се разликува од останатите подвидови по својот плод.
Кратки факти Бадем, Научна класификација ...
Бадем | |
---|---|
Бадем со плодови Мајорка. | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Розиди |
Ред: | Розовидни |
Семејство: | Рози |
Род: | Слива |
Подрод: | Јаткари |
Вид: | Бадем |
Научен назив | |
Prunus dulcis (Mill.) D.A.Webb | |
Затвори
Слатката надворешна маса која е карактеристична кај другите членови од Prunus фамилијата, како што е сливата и вишната, кај бадемот е заменета со обвивка, во која се наоѓа тврда маса во која е сместена семката. Бадемот потекнува од југозападна Азија.