Вишна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вишна (лат. Prunus cerasus) е плодовито овошно дрво, позната како кисела цреша[1] Во Република Македонија се одгледува во сите реони со надморска височина до 1.100 m. До седумдесеттите години од XX век беше споредна култура, со 200-300 тони годишно производство. Првата плантажа со облачинска вишна на 20 хектари била посадена во Битолско во 1970. Набрзо се увидоа големата родност и рентабилноста на оваа вишна, која нагло била проширена во сите реони. Производството го достигна максимумот од 11.450 тони помеѓу 1986 – 1987. Последниве години производството изнесува меѓу 6.000 – 7.000 тони годишно. Речиси целото количество се извезува како замрзнати плодови и конзервирано во алкохол.
Кратки факти Вишна, Научна класификација ...
Вишна | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Оддел: | Magnoliophyta |
Класа: | Magnoliopsida |
Ред: | Rosales |
Семејство: | Rosaceae |
Род: | Prunus |
Подрод: | Cerasus |
Вид: | P. cerasus |
Научен назив | |
Prunus cerasus L. | |
Затвори