Розовидни
From Wikipedia, the free encyclopedia
Розовидните (науч. Rosales) се ред на цветни растенија.[2] Како клад е најсроден на кладот што се состои од Буковидните и Тиквите.[3] Содржи околу 7.700 видови, распределени во околу 260 родови. Редот го сочинуваат девет фамилии, од кои типска е фамилијата Рози (Rosaceae). Покрај ова, Розовидните се делат и на три клада кои немаат назначено таксономски ранг. Базалниот клад се состои од фамилијата Рози; друг клад се состои од четири фамилии (вкл. Крушините); додека пак третиот е составен од четири копривни фамилии.[4]
Розовидни | |
---|---|
Две рози: Rosa Cinnamomea L. и R. Rubiginosa L. | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Розиди |
Ред: | Розовидни Perleb |
Фамилии | |
Барбеи (Barbeyaceae) | |
Синоними | |
Rhamnales |
Редот има силна потпора во монофилетските и полифилетските анализи на ДНК-низи, како оние извршени од членовите на Групата за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија (APG).[5] Во нивниот систем за класификација на растенијата APG III се определени деветте фамилии, наведени во таксономската кутија десно. Во 2011 е утврдено сродството на овие фамилии молекуларно филогенетско испитување засновано на два јадрени и десет хлоропластни гени.[6]
Најпознати членови на редот Розовидни се: розата, јагодата, капината и малината, јаболкото и крушата, сливата, праската и кајсијата, бадемот, оскорушата и глогот, хинапот, брестот, банјанот, смоквата, дудинката, лебното дрво, копривата, хмељот и конопот.