Апостол Јуда
еден од 12-те апостоли / From Wikipedia, the free encyclopedia
Јуда (грчки: [Ἰούδας Ἰακώβου] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) — еден од Дванаесетте апостоли на Исус според Новиот завет. Обично се нарекува и Тадеј (грчки: [Θαδδαῖος] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help); коптски: ⲑⲁⲇⲇⲉⲟⲥ; сириски/арамејски: ܝܗܘܕܐ ܫܠܝܚܐcode: syr is deprecated )[1], како и Јуда Тадеј, Јуда Јаковов или Левиј[2] и се смета за основоположник и прв патријарх на Ерменската црква. Понекогаш се поистоветува со Јуда, братот Господов, но секогаш се издвојува од Јуда Искариот, апостолот што го предал Исус.
Апостол Јуда | |
---|---|
Свети Јуда Тадеј од истоимената црква во Хајстербахерот, западна Германија | |
апостол и маченик | |
Роден(а) | I век, Галилеја, Јудеја |
Починал(а) | ~ 65, неизвесно |
Почитуван(а) во | сите христијански деноминации кои почитуваат светци |
Главно светилиште | ерменски манастир „Св. Тадеј“, северен Иран; базилика „Св. Петар“, Рим; Ремс, Тулуза, Франција |
Слава | 19 јуни и 30 јуни ст. ст. 2 јули и 13 јули н. ст. (православие) 28 октомври (западно христијанство) |
Обележја | секира, тојага, топ, медалјон |
Заштитништво | Ерменија; изгубени случаи; очајни состојби; болници; разни места и установи |
Православните го чествуваат на 19 јуни и 30 јуни по стар стил (2 јули и 13 јули по нов стил). Првиот датум е посветен само нему, а вториот е во склоп на Соборот на Светите славни и сефални Апостоли.
Ерменската апостолска црква ги чествува Тадеј и Вартоломеј како нејзини светци заштитници. Во Римокатоличката црква Јуда е светец заштитник на очајните и изгубените случаи.[3]
Симбол на овој светител е тојагата. На иконите често е прикажан со пламен околу главата. Ова го означува неговото присуство на Педесетницата, кога го примил Светиот Дух заедно со другите апостоли. Се претставува и како носи слика на Исус Христос, наречена Мандалион. Во некои случаи носи свиток или книга (Посланието на апостол Јуда) или како држи столарско рамнило.[4]