Слава (празник)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Слава — обредно одбележување на одреден празничен ден поврзан со православен христијански календар, исто така може да биде обележување на името на светецот и оној кој го носи неговото име. Распространета е во Србија, Црна Гора, Република Српска, Македонија, како и кај католички семејства во Бока Которска, Конавли, јужна Херцеговина, Далмација, во северна Албанија, како и кај муслиманските семејства во Босна и Херцеговина и Санџак, кај Горанците и Јањевците.
Славата е секогаш поврзана со денот на некој светец и може да биде домашна — крсна слава, именден — крсно име, или селска слава. Обредни елементи и дејствијата поврзани со слава се богати и укажуваат на зачуваните митолошки одлики на елементи од древната, паганска вера на Словените, пред сè на почитување на култот на предците.