Духовден
From Wikipedia, the free encyclopedia
Духовден (Дуовден) или Педесетница (грчки: πεντηκοστή, латински: pentecoste) — подвижен празник, еден од најголемите 12 христијански празници — еден од најсветите празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото воскресение. Овој настан претставува исполнување на старозаветните месијански пророштва.
Духовден Педесетница | |
---|---|
Икона на слегувањето на Светиот Дух од црквата „Св. Димитриј“ од Битола (помеѓу 1730 и 1739 година) | |
Го празнува(ат) | христијанските и нехристијански земји |
Вид | христијански |
Значење | Слегување на светиот Дух |
Датум | 50 дена по Велигден |
Обичаи | обредно пеење, ритуали |
Педесетницата се нарекува уште и „крај на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на Спасението остварено преку Исус Христос токму поради тоа што православното учење како една службите на Месијата го назначува токму крштевањето преку Светиот Дух, односно Негово излевање врз човештвото. Иако Духот делува и пред и по Педесетницата, на овој ден Тој се покажува во Својот ипостас, а сѐ со цел самата историја на Спасението да се направи совршена. На овој ден започнува икономијата на Светиот Дух, Тој е Оној Кој го собира Божјиот народ во телото Христово, односно Црквата.