Шушински масакр
From Wikipedia, the free encyclopedia
Масакрот во Шуша (ерменски: Շուշիի ջարդեր, Shushii charder) — масовно убиство на ерменското население во Шуша и уништување на ерменската половина од градот што следило по задушувањето на ерменскиот бунт против властите на Азербејџанска Демократска Република во 1920 година.[4][5][6][7][8][9]
Кратки факти Шушински масакар, Место ...
Шушински масакар | |
---|---|
Урнатини во ерменскиот дел на Шуша по уништувањето на градот од страна на азербејџанската армија во март 1920 година. Во центарот: ерменската Катедрала Светиот Спасител | |
Место | Нагорно-Карабах (спор меѓу Демократска Република Азербејџан и Прва Ерменска Република) |
Датум | март 1920 |
Цел | ерменски цивили |
Вид напад | масакар,[1] немири, погром, геноцид |
Мртви | 500[2] до 20,000 Ерменци[3] |
Затвори
Настанот се случил помеѓу 22 и 26 март 1920 година и е дел од Ерменско-азербејџанската војна. Настанот резултирал во големо уништување на ерменското население во квартот Шуша и убиства на голем број ерменски жители на градот.