Чешка (историска област)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чешка (чеш. Čechy) или Бохемија (лат. Bohemia од герм. Böhmen) е историска област во Средна Европа, која се протега на западниот и централниот дел од денешна Чешка Република. Понекогаш „Чешка“ се користи да се означи и целата територија на Чешка, вклучувајќи ги и Моравија и Чешка Шлеска[1], особено во историски контекст како што е Кралството Чешка (Бохемија).
Кратки факти Земја, Главен град ...
Чешка Čechy, Böhmen | |||
историска област | |||
|
|||
Земја | Чешка | ||
---|---|---|---|
Главен град | Прага (историски) | ||
Површина | 52,065 км2 | ||
Население | ~ 6 милиони | ||
Местоположба на областа Чешка
|
Затвори
Областа Чешка има вкупна површина од 52.065 км2 и денес е дом на околу 6 милиони од вкупно 10,3 милиони жители во државата. На југозапад, запад и северозапад се граничи со Германија, на североисток со Полска, на исток со Моравија и на југ со Австрија.