Чарлс Бебиџ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чарлс Бебиџ (роден 26 декември 1791 година во Лондон) е англиски математичар, аналитички филозоф, машински инженер, научник, творец на првите машини кои би можеле да се програмираат и професор по математика на Кембриџ. [1] Влијанието на неговото размислување игра голема улога во подоцнежниот развој на науката, а некој го нарекува уште и "татко" на компјутерите. Делови од неговите нецелосни машини се наоѓаат во музејот во Лондон. Во 1991 според неговиот дизајн е реконструиран диференцијален мотор. Девет години подоцна, откако е направен реконструиран "дизајн Babbage " откриена е сложеноста на неговите машини за тоа време. Тој имал жена, Georgiana, и многу деца, од кои само три ја доживеале староста. За да се идентификуваат главните грешки во пресметувањето на математички табели, Babbage сакаше да најде метод со кој би можел да се пресметува механички отстранување на можноста за човечка грешка. Три различни фактори имаат влијание врз него:[2] 1. Не сакал неуредност 2. Искуство во работата со логоритамски таблици 3. Занимање за работата со машините за сметање заедно со Вилхемом Шикард (Wilhelm Schickard), Блез Паскал (Blaise Pascal) и Готфрид Лајбниц(Gottfried Leibniz). Својата прва расправа за принципите на сметачките машини ја напишал во писмо пратено 1822 година на господинот Хамфрију Дејвију (Humphry Davy). Бебиџовите машини всушност биле првите компјутери, навистина механички, но сепак знаеле да сметаат. Секако неговите машини не биле завршени поради лични и финансиски проблеми. Бебиџ увидел дека машините можат да работат подобро и поверодостојно од човекот. Иако неговите машини биле огромни, нивната структура била многу слична на денешните компјутери.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |