Црвена пирамида
From Wikipedia, the free encyclopedia
Црвена пирамида, позната и како Северна пирамида — староегипетска пирамида и посеверна од двете големи пирамиди во Дахшур. Таа е третата најголема пирамида по Кеопсовата и Хефреновата пирамида во Гиза. Месното население ја нарекува пирамидата „ел-херам ел-ватваат“, што во превод значи „Лилјачка пирамида“.
Пирамидата била изгадена од страна на првиот фараон од Четвртата египетска династија Снофру. Се верува дека градбата претстсавува прв успешен обид за изградба на „вистинска“ египетска пирамида со рамни страни. Таа не била секогаш црвена. Таа била обложена со бел варовник, но само неколку од овие камења се сочувани во основата на пирамидата, поточно на еден од аглите. Во средниот век, голем дел од белите варовникови камења биле земени за изградба на градби во Каиро, со што бил откриен црвениот варовник под нив.