Централен часовен појас
часовен појас во Северна Америка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Централниот часовен појас е шест часа назад од UTC во стандардното време (UTC-6) и пет часа во летното време (UTC-5). Времето за овој појас се добива од средното сончево време од меридијанот 90° западно од Гриничката опсерваторија.
Во САД и Канада, овој часовен појас обично се нарекува „централно време“ (Central Time, CT). Поточно, во однос на стандардното време (преку зима) е Централно стандардно време (Central Standard Time, CST), а преку лето е „централно летно време“ (Central Daylight Time, CDT).
Појасот е еден час пред планинскиот појас и еден час зад источниoт часовен појас.
Сè до 2015 г. во појасот влегувала и мексиканската сојузната држава Кинтана Ро, која денес е преместена во источниот појас.