Химна на Косово
From Wikipedia, the free encyclopedia
Химната на Косово или „Европа“ — државна химна на Република Косово[a][1]. Химната била составена од Менди Менѓиќи. Како и со националните химни на Шпанија, Босна и Херцеговина и Сан Марино[2][3], и косовската химната нема официјални стихови, туку за неа се напишани неофицијални текстови. Химната била усвоена на 11 јуни 2008 година[4], и била специјално избрана бидејќи не содржи наводи за било која специфична етничка група која живее во земјата[5]. Химната била избрана од страна на Собранието на Косово, со 72 пратеници кои гласале за, додека 15 гласале против, а петмина гласале воздржани[6].