Харем-и Хумајун
From Wikipedia, the free encyclopedia
Османлискиот харем (турски: Harem-i Hümâyûn) бил еден од најважните судови односно резиденции на Османлиското Царство. Тој бил управуван од страна на Валиде султан, односно мајката на султанот. Позицијата на Валиде султан била втора по важност во отоманската хиерархија, по онаа на султанот. Таа имала огромно влијание врз управувањето на земјата.
Во текот на 17 век, главно поради застанувањето на престолот на неколку неспособни султани кои постепено ја уништувале империјата, формално власта била во рацете на Валиде султан. Овој период од историјата на Отоманското Царство се нарекува Султанат на жените[1]. Покрај Валиде султан, по ранг во харемот биле омилените или хасеки девојки на султанот како и наложничките чии функции биле да го забавуваат на султанот во неговата одаја[2]. Од друга страна пак голем дел од харемските девојки никогаш не го гледале султанот па останувале единствено слугинки неопходни за секојдневното функционирање на харемот.