Франц II (Свето Римско Царство)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Франц II (германски: [Franz II.] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help); 12 февруари 1768 - 2 март 1835) — последниот цар на Светото Римско Царство (1792 до 1806 г.) и, како Франц I, првиот цар на Австрија, (1804 до 1835 г.). Тој ја презел титулата цар на Австрија како одговор на крунисувањето на Наполеон за Француски цар. Откако Наполеон го создал Рајнскиот Сојуз, Франц абдицирал како цар на Светото Римско Царство. Бил крал на Унгарија, Хрватска и Бохемија. Тој исто така служел како прв претседател на Германската конфедерација по нејзиното основање во 1815 година.
Франц II / I | |||||
---|---|---|---|---|---|
Портрет од Јозеф Кројцингер околу 1815 | |||||
Цар на Светото Римско Царство Крал на Римјаните Крал во Германија | |||||
На престол | 5 јули 1792 – 6 август 1806 | ||||
Крунисување | 14 јули 1792, Франкфурт | ||||
Претходник | Леополд II | ||||
Наследник | Наполеон Бонапарт како Заштитник на рајнскиот сојуз | ||||
Надвојвода / Цар на Австрија | |||||
На престол | 1 март 1792/11 август 1804 – 2 март 1835 | ||||
Претходник | Леополд VII | ||||
Наследник | Фердинанд I | ||||
Канцелар | Клеменс фон Метерних | ||||
Претседател на Президиалмахт во Австрија | |||||
Во канцеларија | 20 јуни 1815 – 2 март 1835 | ||||
Наследник | Фердинанд I | ||||
Крал на Унгарија, Хрватска и Бохемија | |||||
На престол | 1 март 1792 – 2 март 1835 | ||||
Крунисување | |||||
Претходник | Леополд II | ||||
Наследник | Фердинанд V | ||||
Крал на Ломбардија и Венеција | |||||
На престол | 9 јуни 1815 – 2 јуни 1835 | ||||
Наследник | Фердинанд I | ||||
Роден(а) | 12 февруари 1768(1768-02-12) Фиренца, Тоскана, Свето Римско Царство | ||||
Починал(а) | 2 март 1835(1835-03-02) (возр. 67) Виена, Австриско Царство | ||||
Почивалиште | Царска крипта | ||||
Сопружници |
| ||||
Деца Detail |
| ||||
| |||||
Династија | Хабсбург-Лотаринги | ||||
Татко | Леополд II | ||||
Мајка | Марија Луиза од Шпанија | ||||
Вероисповед | Римокатоличка црква | ||||
Потпис |
Франц II бил најголем противник на Наполеонова Франција во Наполеоновите војни, а по битката кај Аустерлиц претрпел уште неколку порази. Неговиот најтежок личен пораз, најверојатно бил бракот на неговата ќерка Мари Луиз од Австрија со Наполеон на 10 март 1810 година. По абдикцирањето на Наполеон по Војната на Шестата коалиција, Австрија на Конгресот во Виена станала најистакната членка на Светиот сојуз. На Виенскиот конгрес се истакнал канцеларот на Франц Клеменс Венцел, принцот фон Метерних на кој Австрија си ги повратила поранешните територии освоени од Наполеон. Франц во своето подоцнежно владеење се сметал за реакционер, затоа што го формирал Европскиот концерт, кој во силно се спротивставувал на народните националистички и либерални тенденции.
Внуци на Франц II се: Наполеон II (единствениот легитимен син на Наполеон), Франц Јосиф I од Австрија, Максимилијан I од Мексико, Марија II од Португалија и Педро II од Бразил .